Њокас го однесе Олимпијакос во битка за титулата

Поранешниот член на Вардар, Оливие Њокас со два клучни гола во финишот го однесе Олимпијакос во битката за титулата во грчкиот шампионат.

Тимот на Олимпијакос успеа да го елиминира ПАОК, клуб во кој брани Виктор Гигов, откако во полуфиналната серија славеше со 2:0.

Олимпијакос на првиот дуел триумфираше со 27:19, додека денес забележа минимален, но многу важен триумф од 19:18, со што си обезбеди пласман во финалето.

Доколку ПАОК успееше да се избори за реми, тогаш патникот во финалето ќе се одлучуваше преку мајсторка.

Токму Њокас беше најзаслужен за пласманот во финалето, бидејќи по водството на ПАОК од 18:17, екс членот на Вардар влезе во ритам и со два гола по ред направи пресврт на теренот и му донесе финале на својот тим.

Олимпијакос за ривал во финалето ќе го има подобриот од дуелот меѓу АЕК Атина и Диомидис Аргос.